дома Балкан АЛБАНЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМИ И СО ЦРНА ГОРА: Ветераните на ОВК се заканија...

АЛБАНЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМИ И СО ЦРНА ГОРА: Ветераните на ОВК се заканија со „крв“ за да ја спречат демаркацијата!

Протестот на ветераните на ОВК против демаркацијата со Црна Гора, резултираше со порака дека „Ќе ја браниме планината со крв“, од страна на шефот на локалниот огранок на ветераните на ОВК Газмент Суља

 

Притисокот на косовското собрание да не го ратификува договорот за демаркација со Црна Гора продоли во средата со протестите на ОВК од Пеќ, кој во брдата над градот наведоа дека „планините ќе ги бранат со крв“.

„Отсекогаш со крв ги браневме овие планини, ако треба ќе го направиме тоа повторно“, рекол претседателот на локалниот огранок на ОВК Газмент Суља.

Протестите против демаркацијата траат веќе цела гдина, односно откако Хашим Тачи и Игор Лукшиќ потпишаа договор за решавање на ова прашање. Веднаш по потпишувањето, некогашниот регионален командант на ОВ и претседател на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај ја искина мапата која ја направија приштинските претставници во комисијата која ја правеше демаркацијата.

Освен Харадинај, против демаркацијата е и движењето Самоопределување.

Противниците на демаркацијата побараа помош и од САД, но американските експерти наведа дека првобитната комисија коректно ја завршила работата.