дома Македонија АЛБАНЦИТЕ ПОЧНАА И СО ЗАКАНИ: Реализирање на тиранската платформа или ќе почнеме...

АЛБАНЦИТЕ ПОЧНАА И СО ЗАКАНИ: Реализирање на тиранската платформа или ќе почнеме процес за самоопределување на Aлбанците

 Во текот на вчерашната емисија „Топ Тема“, политикологот и аналитичар Башким Бакиу изнесе теза дека доколку не се реализира барањето од Тиранската платформа за двојазичност во Македонија, тогаш Албанците ќе отпочнат процес за самоопределување.

 Доколку не се промени и се интреперетира само употребата, односно официјализирање на албанскиот јазик како закана за суверенитетот, може, не знам, наредните години ако не може да се реализира и покрај големата бројка, може да се вроди кај Албанците и желба за самоопределување, изјави Бакиу.

Владимир Божиновски ја изрази својата загриженост дека доколку се формира коалициона Влада врз основа на Тиранската платформа, тогаш во Владата ќе влезе и Зијадин Села, човекот кој не ја признава химната и знамето, а и Македонскиот народ. На тоа се надоврза аналитичарот Бакиу кој заклучи дека ниту еден лидер на албанците во Македонија не станал пред химната.

Кој албански коалиционен партнер станал пред химна или знаме на пример?- рече Бакиу

Дане Талески, кој јавноста го памети како член на извршниот одбор на СДСМ ги навреди над 150 илјади граѓани кои секој ден излегуваат на протести дека се изманипулирани и политизирани луѓе.

Јас можам да тврдам дека сите се иструментализирани членови  на една политичка партија и присилени со сила, изјави Дане Талески.