дома Балкан АЛБАНЦИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО КРВОПРОЛЕВАЊЕ: Косовската опозиција повикува на „Албанска пролет“!

АЛБАНЦИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ СО КРВОПРОЛЕВАЊЕ: Косовската опозиција повикува на „Албанска пролет“!

Приштинските политичари не застануваат пред ништо и сакаат да сотрат се што е српско, а последните новости покажуваат дека нема да им ги простат грешките и на своите сонародници.

Приштинскиот сајт „Зери“ својата насловна страна ја посвети на лидерот на опозиционото движење „Самоопределување“,  Албен Курти.

Тој е се погласен во повиците за одржување на протести против косовскиот претседател Хашим Тачи, доколку тој и понатаму ја поддржува идејата за промена на границите помеѓу Косово и Србија. Хурти неодамна, во дебата со студенти во Тирана, изјави дека актуелната ситуација наложува Косово и Албанија да се обединат и да се подготват за, како што рече тој, „албанска пролет“.

Претседателот Тачи и неговите следбеници инсистираат на размена на територии. Нека знаат дека, доколку одлучат да не стават во тесно, со договор кој го загрозува територијалниот интегритет, не само што ќе дојде до протести, туку ти ќе бидат најмасовни досега.