дома Политика АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ И НЕГОВАТА ГРУПА ПРОФИТЕРИ: Колку профитерската група „деформатори“ е ВМРО...

АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ И НЕГОВАТА ГРУПА ПРОФИТЕРИ: Колку профитерската група „деформатори“ е ВМРО покажува и овој документ!

Лидерот, ако може така да се каже, на групата деформатори Александар Михајловски кои тврдат дека биле ВМРО-ДПМНЕ во време на СДС добиваат високи државни функции преку кои си ги финансираат своите нарачани проекти, потпомогнати од уште неколку фондови од странски држави кои важеа за главни финансиери и на „платеничката“ револуција

 

Колку е искрена намерата на профитерската група, кои се обидуваат да манипулираат со членството на ВМРО-ДПМНЕ, покажува и тоа што власта на СДС го вработува „лидерот“ на групата во висока државна институција.

Претходно, медиумите објавуваа информации дека од страна на раководители и директори на државни институции биле повикувани членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои им било ветувано вработување или гаранција дека нема да бидат избркани ако се потпишат на декларацијаа на оваа профитерска група од ВМРО-ДПМНЕ, која заработила неколку стотици илјади евра на грбот на партијата додека беше на власт.

Освен ова, локалните шерифи на СДС се заканувале на земјоделци за кои имале информација дека биле членови или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе им бидат укинати субвенциите ако одбијат да се приклучат кон „деформаторите“.