дома Политика АЛЕКСАНДАР НАУМОВСКИ ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ: Неспособноста на СДСМ се плаќа со човечки...

АЛЕКСАНДАР НАУМОВСКИ ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ: Неспособноста на СДСМ се плаќа со човечки животи

Неспособноста на СДСМ се плаќа со човечки животи. Несоодветно регулираниот сообраќај вчера резултираше со сообраќајна несреќа на улицата Борис Сарафов, при што 10 годишно дете заврши со тешки телесни повреди и скршен череп, ова на денешна прес конференција го потенцираше Данијел Апостолоски советник од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.

-Ова е втор ваков случај во рок две недели, а 4 – ти во рок од 5 месеци. СДСМ ништо не преземa и ситуацијата секојдневно е се полоша. Градоначалникот Наумоски, кој пред да седне во градоначалничката фотеља бараше итни мерки од МВР и општината, со цел намалување на сообраќајните несреќи, сега откако 6 месеци е градоначалник не презема ништо за зголемување на безбедноста во сообраќајот, истакнува Апостолоски.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ бара Наумоски неодложно да преземе мерки со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Наумоски треба веднаш да постави соодветна светлосната сигнализација, лежачки полицајци и да побара зголемена полициска присутност на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Воин Драшкоцин во Хром и Македонска војска и на уште неколку локации каде што е забележано дивеење во сообраќајот.

-Граѓаните на Ѓорче бараат конечно решение. Дивењето по улиците мора да запре, бидејќи човечкиот живот нема цена. Власта мора да преземе мерки во заштита на граѓаните и да прекине ова безредие, заврши Апостоловски од ВМРО-ДПМНЕ.