дома Актуелно АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ СО ОСТРА КРИТИКА: Како што доликува на една политичка џукела...

АЛЕКСАНДАР ПАНДОВ СО ОСТРА КРИТИКА: Како што доликува на една политичка џукела и шарлатан, Заев им се извинуваше на Бугарите за Илинденското востание!

Аналитичарот Александар Пандов на својот Фејсбук профил, остро го искритикува извинувањето кое Зоран Заев го испрати до Бојко Борисов, откако овој му замери затоа што неговиот македонски колега Илинденското востание го нарече „Македонско“

 

После изјава на Заев, Илинденското востание е македонско, недела дена во Бугарија ликов е главна тема и буквално не постои политичар и историчар кој со критички тон (после сите гушкања и целувања) не му се закани нему и на Македонија, да Борисов вчера и најконкретно му порача вето на било какво прашање за влез во ЕУ. Да повториме затоа што нашава несреќа рекла, Илинденското востание е македонско!!! И нормално, како што доликува на една политичка џукела и шарлатан, денес најбесрамно од позиција на премиер на Република Македонија им се извинил на бугарите преку ФБ дека ете избрзал, го понела емоција! Што ќе рече дека тие биле во право, Илинденското востание е бугарско, а со самото тоа прави директен притисок кон државната комисија, која заедно со бугарската во Софија ни ја пишуваат новата историја. 30 минути подоцна мртов ладен, повторно преку ФБ ги повикува Македонците да излегле на референдум!? Не бе зајко, не што нема да ти излезат, туку со глупостиве што ги правите, референдумот народот го препозна како можност со која преку тежок БОЈКОТ, те збрише тебе и твојата хунта од македонската политика
#Бојкотирам