дома Хроника АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВ ПОВТОРНО ЌЕ ГО OБEЗБEДУВА ЗАЕВ: Човекот кој нaпaднa тинејџери во...

АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВ ПОВТОРНО ЌЕ ГО OБEЗБEДУВА ЗАЕВ: Човекот кој нaпaднa тинејџери во дискотека, повторно тeлoxpaнител на Заев

Телохранителот на премиерот Зоран Заев, Александар Трајков кој пред две години во дискотеката „Платинум“ во Струмица нападна и натепа тинејџери, повторно е вратен во службата која го обезбедува шефот на владата


Ноќта помеѓу 14 и 15 октомври 2016-та година, околу 4 часот утрината во дискотеката Платинум во Струмица, каде Трајков бил шеф на обезбедување, како што му е шеф на обезбедување на Зоран Заев, со тупаници ги удирал сите пред себе, кој во стомак, кој во глава. Две од момчињата и едно девојче го извлекле подебелиот крај.

Според пријавите до кои дојдовме, пред угостителскиот објект Платинум, додека пријавителот разговарал со другарите, дошол Александар Трајков од село Градашорци и го удрил пријавителот со тупаници во пределот на лицето.

По овој инцидент, Зоран Заев декларираше дека го отстранил Трајков од тимот за обезбедување но денес во судот тој повторно му го чуваше грбот на премиерот.