дома Политика Алијанса за Албанците ги објави имињата на кандидатите за градоначалници

Алијанса за Албанците ги објави имињата на кандидатите за градоначалници

На седница на Централното Собрание на Алијанса за Албанците се усвоија имињата на кандидатите за градоначалници. Централното Собрание одлучи за следните кандидати:

Куманово – Беким Салиу

Арачиново – Наим Синани

Сарај – Ќерим Мамути

Желино – Махир Зибери

Теарце – Назим Таипи

Брвеница – Арѓенд Гура

Тетово – Вулнет Мурсели

Боговиње – Албон Џемаили

Гостивар – Арбен Таравари

Врапчиште – Исен Шабани

Дебар – Беким Поцеста

Струга – Идри Истрефи

За Општина Боговиње имаше тајно гласање каде членовите на Собранието требаше да изберат меѓу две кандидати, Албон Џемаили и Садик Сулејмани. Со мнозинство гласови, Собранието одлучи за Албон Џемаили да биде кандидат за Градоначалник на Општина Боговиње.

„На овие избори ќе настапиме како коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива. Имаме договор со други политички субјекти и овој договор за соработка е објавен во јавноста. Исто како што имавме понуда до нашите противници од ДУИ за директно соочување, тие не го прифатија овој договор и наметнаа друго темпо во трката, на што одговоривме на ист начин. Примарната цел на опозицијата е соборување на власта, примарна цел е нова Влада.“, изјави Села.