Алијанса за Албанците: Додека тpaгичната автобуска нecpеќа го крена на нозе целиот свет, во нашата земја никој не чувствува одговорност за изгyбените животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трагедиите во нашата држава се множат, а во заднината на секоја трагедија се кријат злоупотреби, криминал и корупција. Одговорност треба да сносат тие што до ден-денес ги немаат следено и ја немаат проверувано работата на превозниците иако претходно ја имавме трагедијата кај Ласкарце каде што исто така имаше жртви и беше констатирано дека има злоупотреби и скандалозни технички пропусти, реагира денеска Алијанса за Албанците.

-Последната трагедија во којашто пожар го зафати автобусот во Бугарија, го крена на нозе целиот свет, додека во нашата земја никој не чувствува никаква одговорност за 44-те изгубени животи на најможниот тажен начин, а ниту пак чувствуваат одговорност за повредените коишто сѐ уште се трудат да ги излечат здобиените повреди. И во оваа трагедија, како и во минатите, на виделина излегоа скандалозни дејствија. Еден автобус којшто се движи низ регионот без потребната дозвола, неевидентиран во електронскиот регистар и со дозволено движење од царина и граничната полиција. И сето ова заврши само со одземање на дозволата на компанијата и со отпуштање на двајца цариници“, се наведува во реакцијата од Алијанса.

Партијата побара одговорност и потсети на трагедијата кај Ласкарце, на трагедијата која однесе 14 жртви во модуларната болница во Тетово, каде, како што нагласи, министерот, заменик министерот и директорот на Болницата во Тетово си продолжија со работа иако беа констатирани пропусти и злоупотреби.

-Неодговорноста на високите функционери на државата, криминалот и корупцијата во институциите, граѓаните ги плаќаат со живот, со болка и со трагедии што не се паметат од независноста на државата“, се додава во реакцијата на Алијанса за Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This