Алијанса за Албанците реагира: Заев го зaгуби допирот со реалноста, правата на Албанците зависат од бројките на пописот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијанса за Албанците се јави со реакција по повод изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека законот за употреба на јазиците, но и другите права на Албанците, како и останатите етнички заедници нема да зависат од пописот, односно нема да се менуваат без разлика на резултатот од пописот кој е во тек.

-Премиерот Зоран Заев одамна го загуби допирот со реалноста и неговите изјави не само што не можат да се земат како точни, туку претставуваат вознемирувачки аларм за тајните планови на Владата на СДСМ-ДУИ. Колективните права на Албанците зависат од бројките и тоа го вели Уставот, а пак Заев не е над највисокиот правен акт. Во меѓувреме, Артан Груби веќе докажа колку е лесно да се пазари на сметка на Албанците и тој најмалку има право да зборува за унапредување на правата.Ваквите изјави на двајцата владини лидери и лиферувањата со бројки дополнително предизвикаа сомнежи за тоа што се случува со пописот. Владата и Државниот завод за статистика мора итно да дадат оттчет и објаснување за тоа што се случува со страницата и базата на податоци за пописот, каква штета е направена од сајбер напаѓачите, дали е влијаено и над податоците од дијаспората и кој ќе биде одговорен за какво било мешање во бројките.“, се вели во соопштението од Алијанса.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This