Алијанса за Албанците: Ocyда за злoyотребата на децата од Авганистан за политички цели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијанса за Албанците строго ја осудува злоупотребата на децата од Авганистан за ниски политички мотиви и лична промоција на социјалните мрежи од страна на Министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Објавувањето на сликите и видеата на децата и политички персекутираните фамилии претставува суров начин на злоупотреба на човечки несреќи, посебно на децата. Исто така ова претставува и загрозување на безбедноста на животите на авганистанските политичките дисиденти.
За да биде иронијата уште поголема, многу од медиумските претставници пријавија дека биле спречени од страната на кабинетот на Османи за да го следат овој настан. Образложението било дека деца се во прашање и нивни слики не смеат да се објавуваат.
Ова уште еднаш го докажува трагичното ниво на кое спаднале функционерите на ДУИ поради стравот од губење на локалните избори и дека тие не бираат методи само за да придобијат некој глас повеќе, па било тоа и да злоупотребуваат со човечката несреќа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This