дома Македонија АЛИЈАНСА: Нема датум, бидејќи нема реформи дома

АЛИЈАНСА: Нема датум, бидејќи нема реформи дома

Сурија Рашиди, пратеник од Алијансата за Албанците, вели дека оваа Влада нема капацитет да спроведе реформи во земјата.

-Тука сум да го изразам својот гнев од Комисијата за европски прашања. Причините за недобивање датум се бараат надвор, но причината е тоа што нема реформи дома. Оваа Влада нема капацитети да води реформи – рече Рашиди.

Тој рече дека како партија се отворени за коалиција на следните парламентарни избори.