дома Македонија Алијанca зa Aлбaнцитe: Co полициckи чac ги попpeчувате ифтapитe зa Paмазан

Алијанca зa Aлбaнцитe: Co полициckи чac ги попpeчувате ифтapитe зa Paмазан

Одлуката за воведување полициски час од 22 до 05 часот е надвор од секоја логика бидејќи досега угостителските објекти и рестораните се затвораа во 21 часот, оценува коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– Ако мерката изолација не е преземена во месеците октомври-декември 2020, кога се постигна врвот на новозаразени и смртни случаи, кому му служи сега ова изолација, и дотолку повеќе, после 22.00 часот? Само ако е некој план за слободно транспортирање на забранети материи, како што се наркотиците кои се ‘крадат‘ често од магацините на МВР, бидејќи во спротивно и така државата после 21.00 часот е речиси во целосна изолација. По сѐ изгледа, оваа влада уште еднаш докажува дека нема соодветна стратегија за борба против вирусот ковид-19, затоа несериозноста за обезбедување на вакцини против ковид-19 сака да го покрие со ново исмејување со граѓаните. Така, наместо имунизација на населението, владата одлучува за негова изолација, пишува во соопштението.

Од Алијанса и Алетрнатива додаваат дека не сакаат да веруваат дека оваа одлука е вовед во планираните ограничувања за месец Рамазан и ѝ предлагаат на Владата да не ги попречува муслиманските верници од семејните ифтари и другите верски обреди, кои и до сега, како што велат, се одвивале со почитување на предвидените мерки и протоколи.