Алтернатива ги добива здравство, администрација и МЕПСО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на свиканата седница на Централното собрание на партијата пред членовите вечерва ја презентира понудата на премиерот Зоран Заев за Алтернативата да стане дел од Владата.

Како што неофицијално дознава Алсат, партиското тело меѓу другото ќе расправа и за ресорите што Заев му ги понудил на Гаши. Станува збор за два ресора – здравство и информатичко општество, како и тројца заменици министри.

Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар и поранешен кандидат за градоначалник на општина Чаир, Беким Сали. Гаши планира Министерството за информатичко општество и администрација да му го довери на огранокот на Алтернатива во Куманово.

За имињата од вториот ешалон, неофицијално се очекува партијата на Гаши да го предложи Орхан Муртезани за директор на МЕПСО. Заев и Гаши досега одржаа три средби на кои разговараа за понудата и принципите за влез на Алтернатива во Владата. Но, по средбите Заев и Гаши не открија детали. На последниот состанок во Клубот на пратениците, Гаши кусо изјави дека има позитивен напредок во разговорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This