Алтернатива за Инфомакс: Остануваат на пpинципите поради кои влегоа во Владата, оптимисти се дека до крајот на јануари ќе има датум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се по извесно е дека денеска на овој фамозен 14 декември за жал Македонија нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

Вчера новата бугарска министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска која за наша несреќа е историчар што пак значи дека е индоктринирана во бугарскиот светоглед на историјата, а доаѓа од радикално националистичката партија на Слави Трифонов „Има таков народ“ изјави дека Бугарија останува на својот став и ветото кое е резултат на декларацијата во бугарското Собрание со која не се признава постоење на македонски народ и јазик засебен од Македонскиот.

Утринава пратеникот на „Алтернативната“ Скендер Реџепи-Зејд , прв од потписниците за интерпелација на Владата на Зоран Заев, во изјава за весникот ЛАЈМ вели дека партијата на која и припаѓа треба да размисли за учество во Владата доколку земјата не добие датум за отворање на преговорите со Европската унија. Тој вели дека мали се шансите земјава да добие датум во текот на декември.

„Тоа е обид земјата да стане дел од ЕУ, но ако може да дојде до можност за неуспех, мислам дека ова прашање ќе треба да се разговара внатре во партијата бидејќи една од точките на кои се обврзавме беше интеграцијата во ЕУ. така што мислам дека и за ова ќе треба да се разговара за да се види точно каде треба да патуваме и како политички да патуваме, ние како политички субјект“.

Сепак од неговата партија поточно од потрпаролот Орхан Муртезани велат дека Алтернатива останува доследна на принципите поради кои се приклучи на владејачкото мнозинство и оптимизам дека до крајот на јануари ќе има помрднување во европската агенда на Македонија.

-Алтернатива се придржува до принципите поради кои одлучи да се приклучи на владејачкото мнозинство. Следствено на тоа, одржувањето на евроинтегративниот курс и добрососедството е една од основните и најважни точки за да ја донесеме таа одлука.

Не зависи од нас решавањето на спорот со Бугарија, ниту одлуката за отворање преговори со ЕУ, иако нашето вклучување во владата секако го помогна на овој процес.

Имаме големи надежи дека ние сме ги исполниле условите за отварање на поглавјето за интеграција со ЕУ и сме многу оптимисти дека тоа ќе се случи до крајот на јануари. Доколку, хипотетички тоа не се случи, не мислам дека само Алтернатива треба да го постави прашањето како понатака, туку ова е прашање што треба да го постават сите политички фактори во државата, велат од Атлерантива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This