дома Македонија АЛХЕМИЈА НА КАЛЕТО: Кога комунистите станаа поголеми софиски врховисти од Љубчо Георгиевски

АЛХЕМИЈА НА КАЛЕТО: Кога комунистите станаа поголеми софиски врховисти од Љубчо Георгиевски

Во СФР Југославија, комунистите со децении ги етикетираа Македонците за “бугарофили” и “ванчомихајловисти” и ги депортираа во Идризово.

Денес, комунистите станаа поголеми софиски врховисти од Љубчо Георгиевски, ќе ја бугарчат македонската историја. Одработуваат…

Денес, после дисолуцијата на поранешна Југославија, Калето ги етикетира Македонците за “русофили” и брка вештерки во Македонија.

Важно, Џес Бејли си обезбеди алиби за грубото мешање во внатрешните работи на Македонија. Пред Американскиот Конгрес со таа реторика го одбрани Хојт Брајан Ји од Deep State: Џес Бејли не се мешал во внатрешните работи, туку се борел за американските интереси против руското влијание во Македонија. Зини земјо голтни ме… Освен Самсоненко, ни трага од Русите во Македонија, ама важно има тема за борба со замислениот непријател. Превентивно… Така и Енвер Хоџа ја бранеше Албанија, со изолација, со бункер систем одбрана, за не дај Боже, ако непријателот ја нападне земјата на орлите…

Пулените на Калето забораваат само една работа: САД, а не Русија, ја бомбардираа Србија во 1999 година, спротивно на меѓународното право. САД, а не Русија, во 2001 година инсценираа агресија од “Бонд Стил” до Урошевац на Косово врз Македонија.

За жал, таа еуфорија за “руско влијание врз Македонија” надвладеа меѓу “нововерците” на СДСМ на чело со Радмила Шеќеринска и “реформаторите” на ВМРО-ДПМНЕ. И едните и другите “се борат” против руското влијание во Македонија, наводно ВМРО-ДПМНЕ била про-руска партија, мора да ја “реформираат”…

Замислете, СДСМ го обвинуваше Никола Груевски за десловенизација на Македонија, вршел антиквизација на земјата, сакал да ја погрчи македонската историја… А, заборавија дека комунистите од 1944 година до денес го трујат народот дека “Словените дошле од зад Карпатите”. Забораваат дека Карпатите не се преку Атлантскиот океан, во Соединетите Американски Држави на Западот, туку на Истокот. Зад Карпатите е Русија!

Вистината е дека Американците од Македонија ги бркаат руските и кинеските инвестиции, ги користат Албанците за дестабилизација и контролирана нестабилност. Турбо работи Калето. Но, трагедијата да биде поголема, таму работат најдобрите разузнувачи од МВР. Ги прифати Калето на платен список со многу високи плати и денес сите здружно одработуваат против Македонците и Македонија. Уште се’ не е видено…

Ама, кога ќе начекаш прост народ за да градиш силна држава, така ќе е…

Американците само едно не можат да разберат, дека овде во Македонија луѓето можеби се гладни и жедни, ама ниту нафта пијат, ниту на гранка растат.

Голем е Господ, а уште поголема Македонија, бидејќи таа не е само етнологија и географија, Македонија е безвременски и просторно неограничена идеологија и филозофија!

Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Амин

 

Пишува:
Тодор Петров