дома Актуелно Алapмот вклyчен: Ќе се peгрутираат cтyденти од шеста година на meдицинскиот факултет...

Алapмот вклyчен: Ќе се peгрутираат cтyденти од шеста година на meдицинскиот факултет за бopба со пaндемиjaта

Ситуацијата во Македонија станува драматична, секојдневно имаме рекорден број на заразени, а вчера бројката на нови случаи на Ковид 19 изнесуваше застрашувачки 445 случаи.  Очигледно состојбата е вон контрола, а на државата и снемува ресурси, пред се човечки. На официјалната Фејсбук страница на Деканатот на медицинскиот факултет, стои повик до сите студенти од шеста година кои треба да се состанат со министерот за здравство, Венко Филипче со цел нивен ангажман во справувањето со панедмијата со коронавирусот.

Се известуваат сите студенти од шеста година,денес во 12 часот да присуствуваат во амфитеатарот во деканат,на состанок со министерот за здравство Венко Филипче и деканот проф.д-р Соња Топузовска.Состанокот се однесува за ангажирање на студентите за справување со COVID кризата, стои во соопштението на Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, објавено на Фејсбук.