дома Свет Алkoxoл, дpoга, cтpиптизeти и иcчезнати офицери: Голем ckaндал во најелитната американска вoeнa...

Алkoxoл, дpoга, cтpиптизeти и иcчезнати офицери: Голем ckaндал во најелитната американска вoeнa единица

Одликуваниот американски воен офицер, потполковник Метју Фикс, поднесе оставка откако неговиот баталјон застрани од вистинскиот пат во полскиот град Гдањск, пренесува порталот „Старс анд Страјпс“, повикувајќи се на извештајот од истрагата. Според медиумите, скандалот со американските војници вклучувал алкохол, дрога, стриптизети …

Инцидентот се случи минатиот септември кога 101-та воздушно-десантна дивизија, стационирана во Европа, спроведе воени вежби за време на кои тие обезбедија воздушна поддршка долж источните и јужните крила на НАТО, објавија локалните медиуми.

Според медиумите,  припадниците на 101-та воздушно-десантна дивизија отишле во Гдањск да ги посети местата на напад во Втората светска војна, а патувањето било со цел подобрување на „кохезијата и моралот“, пренесува „Старс анд Страјпс“.

На тоа патување, 40 членови на единицата организирале забава што резултираше со опсежна потрага по еден офицер.

Сè започна со славење на 40-от роденден на наредникот и одење во стриптиз клуб. Таму, мајор Метју Конер и уште неколку војници завршија во тешка алкохолизирана состојба, а Конер потоа исчезна и беше пронајден дури 48 часа подоцна во хотел.
Тој на истражителите им рекол дека верува дека стриптизетите ставиле дрога во неговиот шампањ. Тој исто така тврди дека му ги гризале брадавиците за да го задржат буден и дека му ја земале кредитната картичка неколку пати.

Според медиумите, сметката во стриптиз клубот изнесувал 50.000, но не е јасно дали станува збор за долари или за полски злоти.

Американските медиуми пишуваат дека неколку офицери се соочуваат со покренување постапка, поради што би можеле да бидат отпуштени од армијата. Веста за скандалот со офицерите предизвика многу гласини, од кои некои сугерираат дека група војници ја посетиле наводната „сексуална зандана“, каде биле потрошени десетици илјади долари