Блиску сме до договор и во исчекување на одлуките на премиерот на ПЈРМ, вели заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Аманатидис во интервју за грчката телевизија Скај и објасни дека не е загрижен за задоцнувањето во процесот, бидејќи „на другата страна ѝ е потребно време за да го разгледа договорот“.
За денешните демонстрации, заменик шефот на грчката дипломатија рече дека Грција е демократска земја и секој може да протестира и да го изразува неговото мислење, но на сите оние што ќе учествуваат на протестите им порача дека би требало „да размислат и за последниците на нерешавањето на проблемот“.
– Она што сакам да му го кажам на народот е дека грчката влада ја разбира чувствителноста, секогаш ја зема предвид, но од друга страна постои и националниот интерес – рече Аманатидис и објасни дека нерешавањето на прашањето е на товар на националните интереси.