дома Македонија АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ ВО СОБРАНИЕ ВО САБОТА: Пратениците во сабота ќе гласаат...

АМАНДМАНИТЕ НА УСТАВОТ ВО СОБРАНИЕ ВО САБОТА: Пратениците во сабота ќе гласаат за Северна!

Седница на Собранието за уставните нацрт-амандмани е закажана за вo сабота, 1 декември.

Пратениците во сабота ќе расправаат за следните нацрт амандмани:

Амандман XXXIII

Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

Амандман XXXIV

Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „и на Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

Амандман XXXV

Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.

Амандман XXXVI

Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ.

Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство.

Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.