дома Македонија АМБАСАДАТА НА САД ИСПРАТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре ќе се одржи вежба во амбасадата,...

АМБАСАДАТА НА САД ИСПРАТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре ќе се одржи вежба во амбасадата, граѓаните да не се плашат од сирените

Амбасадата на САД во текот на утрешниот ден (18. мај) ќе одржи вежба за проверување на безбедносните капацитети за одбрана на амбасадата

 

На официјалниот Твитер профил на амбасадата на САД објавија предупредување, дека во текот на утрешниот ден ќе се одржи безбедносна вежба, и ги повикаа граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на истата ќе се огласат интерните аларми и сирени.

Засега не е познато дали во вежбата ќе учествуваат и припадници на МВР.