дома Македонија АМБАСАДОРИ ВО КАМПАЊА: Шеќеринска и Бејли агитираат за промена на името во...

АМБАСАДОРИ ВО КАМПАЊА: Шеќеринска и Бејли агитираат за промена на името во Прилеп

Американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска престојуваа во целодневна, промотивна предреферендумска посета на Прилеп.

Министерката Шеќеринска освен што оствари средба со градското раководство, ја посети и Касраната „Мирче Ацев„, како и ОО на Сојузот на борци, каде, освен поддржувачи на придобивките од НОБ, повеќе и да нема живи борци. Вице-премиерката, во својата изјава отворено потсети на досегашните финасиски бенефити кои општина Прилеп ги имала од ЕУ, но имаше дипломатски одговор на новинарското прашање, дали Македонија ќе биде безбедносно дестабилизирана, доколку Референдумот не успее, ако се имаат предвид заканите од страна на албанскиот политички блок во земјава, пренесува Алфа.

Амбасадорот Џес Бејли пак, упати отворена порака до младите и до прилепските стопанственици за придобивките кои во иднина ќе сме ги имале како Република „Северна Македонија„.

Неофицијално, денешните одвоени посети на Бејли и на Шеќеринска на Прилеп, всушност биле само вовед во референдумската Кампања која ќе се интензивирала уште повеќе во следните денови.