дома Свет АМБАСАДОРОТ НА САД МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРТПАРОЛ НА ИСИС: Алексеј Пушков и...

АМБАСАДОРОТ НА САД МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРТПАРОЛ НА ИСИС: Алексеј Пушков и порача на Саманта Пауерс дека може да биде портпарол на ИСИС!

Претседателот на Комитетот на Државната Дума за меѓународни односи ги коментираше зборовите на постојаниот претставник на САД во ООН Саманта Пауерс која изјави дека ударите на Русија врз терористите во Сирија се варварство

Пауерс ги нарече ударите на Русија врз терористите во Сирија „варварство“. По ова ИДИЛ слободно може да ѝ го предложи местото на свој портпарол!“, напиша Пушков на својот профил на „Твитер“

Претходно во текот на вонредната седница на СБ ООН за Сирија, специјалниот претставник на САД во ОН Саманта Пауерс изјави дека руската војска во Сирија поддржува смртоносен режим кој извршува варварски акции.

„Она што Русија го поддржува и прави не е борба против тероризмот, туку варварство“, изјави Пауерс. Според неа, Вашингтон и сојузниците се заинтересирани за ослободување на Сирија од терористите. „Тие им се закануваат на сите наши граѓани, затоа САД и се наоѓаат на чело на коалицијата од 67 земји“, рече Пауерс, пренесува РИА „Новости“.