Амди Бајрам пpaви cвaдбa зa внyкaтa вo Истнбул сo 200 гocти oд Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија.

Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбата на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.

Пред една недела откако во јавноста се појави поканата за свадбата закажана за 11 октомври, поранешниот пратеник изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат прославата.

Министерот Венко Филипче постојано потенцира дека бројките на позитивни од ковид-19 растат токму поради семејни собири, прослави, свадби и концерти во кафулиња. Свадбите се забранети уште од почетокот на пандемијата во март. Од 5 октомври беше воведена забрана за живи свирки во кафулиња и ресторани, а на една маса дозволено е да седат најмногу 4 лица.

Денеска во земјава се регистирани 594 нови случаи на ковид-19, што е најголема бројка од почеток на пандемијата. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Во Турција според последните податоци од сабота беа регистрирани 1.700 нови позитивни на ковид-19, а бројот на активни случаи е 34.000.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This