дома Македонија АМДИ БАЈРАМ: Сфатив дека е подобро да молчам и да не коментирам...

АМДИ БАЈРАМ: Сфатив дека е подобро да молчам и да не коментирам за сеkоја тема

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник Амди Бајрам, веќе неколку месеци наназад не е актуелен во јавноста.

За „Фокус“ вели дека сфатил како е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.

Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за афepaта „Pekeт“ имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам.

Еве, сега одам на седница, функционирам како што треба, професионално. Но, ова се едни такви времиња, кога важи паролата:

Во овие времиња не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш. И подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам и работам – изјавил Бајрам.