Амди Бajpaм ги надмудри Koвид-19 3абpaните: Ако во Скопје не може, свадба ќе се ,,тера” со 600 гости на брод во Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од неодамна пензионираниот пратеник и актуелен претседател на Сојуз на Роми, Амди Бајрам, сепак не се откажа од свадбата на внуката Пејран. Откако обидот за организирање на свадбена веселба во ресторан во Шуто Оризари на 11-ти октомври му пропадна, поради забраната за организирање на свечености, тој за рекордни шест дена успеал да организира раскошна свадбена веселба во Истанбул, Турција, и да ја исполни желбата на внуката и на најблиските.

Како што појасни во телефонски разговор за ,,Фокус” минатата недела, повеќе од една година се подготвувале за свадбата на Перјан, која го носи името на неговата сопруга. Поради мерките за заштита од корона вирусот, морале да одлагаат, и се надевале дека до октомври ќе им се даде зелено светло, па дури и испечатиле свадбени покани. Но, кога им било посочено дека не смеат да прават свадба, тие се помириле и ја откажале.

-Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје, иако веќе долго време чекаме – ни изјави тој.

Инаку, венчавката на Перјан која се случила минатиот септември, била исто раскошна како свадба, со музика, многу гости, свечени тоалети. Сепак, тоа било само венчавка, а свадбата ја планирале како уште поголем настан.

За ,,Фокус” Бајрам потврди дека моментално се забавуваат на свадбената веселба која се одржува на брод со 600 гости. За него, најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршил законите во земјава.

-Имаме 370 гости од Македонија и 230 гости од Турција. Имам доста турски политичари овде, од кај претседателот Ердоган, од политичкиот врв, од кај нас политичари нема на забавата. Се забавуваме на брод на Босфор, атмосферата е прекрасна. Се организиравме за кратко време со помош на пријателите на Ердоган. Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан – ни изјави Бајрам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This