дома Македонија АМДИ ГО „ШИTHA“ ЗАЕВ: Титаник пpoпадна, преминав на друг брод

АМДИ ГО „ШИTHA“ ЗАЕВ: Титаник пpoпадна, преминав на друг брод

Претседателот на партијата Сојуз на Ромите, Амди Бајрам на прес конференција пред новинарите рече дека останува во коалиција со СДСМ. Поради, како што рече, шпекулации во медиумите, дека ќе коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам изјави дека нема такво нешто и дека се било лага.

–Чиста лага, ни преговарам ни имам нешто со нив. Во коалиција сум со СДСМ и останувам со нив и понатака. Паролата на Сојузот на Ромите секогаш е дека сме со власта. Титаник пропадна, па преминав во другиот брод, рече Бајрам.

На прашањето дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе премине во коалиција со нив, тој порача:

-Отом потом, сега сум со СДСМ и му дадов поддршка на лидерот, дека на избори одиме заедно. Останувам со СДСМ, било што било некогаш, нагласи Бајрам.