April 20, 2024, 12:19 pm

Американската амбасада во Тирана издаде прeдупредување поради пpoтeстот пpoтив иницијативата „Отворен Балкан“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на САД во Тирана денеска ги советуваше американските граѓани да ги избегнуваат сите големи собири во тој град поради протестот против иницијативата „Отворен Балкан“.
„Иако многу големи јавни собири можат да поминат мирно, некои ситуации може брзо и непредвидливо да се променат“, предупреди амбасадата на својата веб-страница.
Амбасадата ги повика американските граѓани да ги следат локалните медиуми и да ги следат упатствата на локалните агенции за спроведување на законот.
Околу 16.30 часот пред албанската влада во Тирана започна протестот против иницијативата „Отворен Балкан“, организиран од албанската опозициска Демократска партија на поранешниот премиер Сали Бериша, јави Танјуг.

Во Тирана денеска и утре се одржува состанок на иницијативата за регионална соработка Отворен Балкан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This