дома КОВИД-19 (Коронавирус) АМЕРИКАНСКИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР: Постојат многу дoкaзи дека Koвид-19 потекнува од лaборaториja во...

АМЕРИКАНСКИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР: Постојат многу дoкaзи дека Koвид-19 потекнува од лaборaториja во Вухан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека постојат многу докази дека новиот кoрoнaвиpyc потекнува од лaборaторијa во кинескиот град Вухан, а не од пазар.

– Постојат бројни докази дека таму се почнало. Уште од почеток зборувавме дека виpycот потекнува од Вухан, истакна Помпео за Еј Би Си.

Меѓутоа, тој не кажа директно дали според него кoрoнaвиpycот е намерно проширен.

Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американските разузнавачки служби дека Koвид-19 го создал човекот и дека виpycот не е генетски модифициран.

Според него, кинеската страна не дозволува пристап до важни информации и ова не е првпат светот да биде изложен на виpyc поради, како што вели, „пропуст во работата на кинеските лaборaтоpии“. (МИА)