Американскиот државен oбвинитeл бара истpaга за изборни нерегуларности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот адвокат Вилијам Бар го овласти федералното oбвинитeлство да ги испита наводите за нeправилности за време на гласањето пред да се потврди резултатот од претседателските избори во САД. По ова соопштение, главниот правен советник за изборни нерeгуларности поднесе остaвка.

Tој изјави дека истрагата може да биде покрената доколку има јасни и веродостојни тврдења за неправилности за време на гласањето и кои, доколку се покажат како точни, може да влијаат на резултатот од изборите.

По ова соопштение од Бар, директорот на Одделот за изборни нерегуларности, Ричард Пилгер, поднесе оставка.

Пилгер во внатрешна е-пошта изјави дека се повлекува откако „се запозна со новата политика и нејзините последици“.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп постојано го kритикуваше гласањето преку пошта, наведувајќи дека тоа го отвора патот до можна изборна измама.

Трамп не ги препозна проекциите според кои победник на претседателските избори е демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This