дома КОВИД-19 (Коронавирус) Американските научници пpecekoa: На целосно Bakцинираните со Фaj3ep не им треба трета...

Американските научници пpecekoa: На целосно Bakцинираните со Фaj3ep не им треба трета доза

Американските здравствени власти по состанокот со претставниците на компанијата Фајзер соопштија дека целосно вакцинираните против коронавирус не мора да ја примат третата доза вакцина.

Фајзер минатата недела соопшти дека планира да побара од американските регулатори одобрување за дополнителна доза вакцина, а врз основа на докази за зголемен ризик од инфекции шест месеци по имунизацијата, но и поради ширењето на делта сојот на коронавирус, пренесе Ројтерс.

Од компанијата порачуваат дека Фајзер и американската администрација заедно се уверени за нужноста секогаш да се биде пред вирусот и потврдуваат дека со американската администрација постои договор дека научните податоци диктираат кои наредни чекори ќе се преземат.

Ширењето на делта сојот на коронавирусто е првпат детектиран во Индија што покрена дилема дали вакцините даваат доволна заштита и од позаразниот, делта сој вирус.