дома Арсенал АМЕРИКАНСКИ „НЕШНЛ ИНТЕРЕСТ“ ВОЗНЕМИРЕНИ ОД РУСКИОТ МИГ-31: Новиот МиГ – 31 војува...

АМЕРИКАНСКИ „НЕШНЛ ИНТЕРЕСТ“ ВОЗНЕМИРЕНИ ОД РУСКИОТ МИГ-31: Новиот МиГ – 31 војува во стратосферата!

Од монтирање на хиперсонични  проектили до распоредување на  анти сателитска технологија руското воздухопловство има големи планови за  новиот  воен авион МиГ 31.

Неодамна објавената снимка од МиГ-31 како пресретнува „натрапник“ во стратосферата ги дава во ново светло капацитетите и намената на последниот иновитет на МиГ-31БМ.

Во видеото објавено од стана на руското Минстерство за одбрана е прикажано типично сценарио за домашна одбрана. Постарата верзија од МиГ-31 беше летало за надзор чија функција беше собирање информации во рускиот воздушен простор.

Два 31ВМ беа испратени да го пресретнат „натрапникот“ кој беше регистриран од приземјените радарски системи

31ВМ успешно го лоцираше и ги погоди со лажни воздух-воздух проектили на растојание од 150км.

Овие резултати се очекувани кај ваков тип на воени вежби, со исклучок на еден исклучителен детал: вежбата се одвиваше во стратосферата, а 31ВМ летаа со брзина за 2800км/ч поголема од брзината на звукот и на висина од 18 000 метри, изјави Министерството за одбрана за медиумите.

 

Руската новинска агенција Тасс објави дека во вежбата биле вкучени десет екипи, поделени во неколку групи од пресретнувачи и натрапници. Со оглед на тоа дека 31ВНМ е најнов модел од серијата МиГ-31, со овие вежби ке се тестира нов хардвер а истовремено ќе се обучуваат пилоти за користење на истиот.

Можноста МиГ-31 да постигне резултати на толку импресивна височина и со толкава брзина е причината што единствено рускиот воен авион имаше дозвола да биде биде опремен со хиперсониски проектили Кинзал. После неколку месечни тестирања во средината на 2018 година во регионот на Црното море беа распоредени 12-16 авиони со МиГ-31 опремен со Кинзал проектили.

И покрај тоа што потенцијалот на МиГ-31 е добро познат,оваа неодамнешна вежба е потсетник за неговата функција како пресретнувач.

Од неговире почетоци во раните 1980ти, па до денес МиГ-31 е најбрзиот воен авион во поранешниот Советски Сојуз односно денешна Русија. Поради брзината е погодно одбрамбено летало, способно за покривање на рускиот воздушен простор, лоцирање неутрализирање што е можно побргу.

При надградбата на 31ВМ во 2010 е зачуван оригиналниот дизајн а се додадени модерни оружја и додатоци, како нов ЛЦД монитор,најнова верзија на Залсон -радар со можност за следење на десет воздушни цели во исто време. МиГ-32 го користи Д-30Ф6 моторот кој го користи и оригиналниот МиГ-31, кој иако е стар е доста ефикасен.