Американски пpoфесор го пocрамоти Брисел: Политиката на ЕУ кон Балканот е фapcа, ја пpeдадоа Македонија и европските вредности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот на универзитетот Џон Хопкинс, Едвард Џозеф и долгогодишен аналитичар за предизвиците на Балканот жестоко ја искритикува Европската Унија кога станува збор за односот кон Македонија на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.

Се што беше побарано од Македонија исполни истакна професорот, потенцирајќи дека нашата држава успеала да го задржи својот дигнитет, но Европа не ги исполнила своите обврски кон Македонија.

Првиот пат потфрлила со француското вето во 2019-та година кое според него е историска грешка, а на ветото од Бугарија, Џозеф гледа како на предавство на Македонија и Европските вредности.

-Она што сакам да го кажам за Европската Унија е дека не успеваат да видат што прави една држава, како Македонија, која прави кога ќе се побара од нејзе, не да капитулира туку да преговара, преговара и го зачувува дигнитетот, Грците преговараа и го зачуваа дигнитетот. Кога Македонија прави тоа што се бара од нејзе ЕУ не ги исполнува обврските. Првиот пат тоа се случи во 2019 кога Франција стави вето за Македонија, тоа беше историска грешка, кога ЕУ го прави тоа по втор пат како во ситуацијата со Бугарија тоа е предавство. Предавство на Европските вредности и предавство на партнерството на ЕУ со Балканот. И идејата дека ЕУ ќе го предводи Балканот е фарса, дека ЕУ ќе развие стратешка автономија на Балканот е фарса, вели тој.

Тој потенцира дека ЕУ ќе нема кредибилитет пред светот ако не може да ги реши проблемите во Босна, ако не може да го реши Косово, Македонија со кое лице ќе оди на Блискиот Исток и ќе нуди решенија истакна Џозеф.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This