Авионот за радарско набљудување со голем опсег на американската морнарица ЕП-3Е „Орион Ариус II” изврши извидување во близина на брегот на Крим, јавува порталот за набљудување.
https://twitter.com/ua4wiy_/status/1092704273190842368
Извидничкиот авион полета од воздухопловната база на Крит и се упати кон Црното Море. Потоа, ЕР-3Е “Орион” почна да го проучува воздушниот простор долж рускиот брег, а еден час подоцна се приближи до брегот на Русија на растојание од 33 километри.
Авионот леташе на висина од седум километри.
Во последно време значително е зголемена активноста на странските извиднички авиони и беспилотни летала во близина на руската граница и руските воени објекти во странство, посебно во областа на Крим и Краснодарскиот крај над Балтичкото море и руските бази во Сирија.