Ковид-19 не е биолошко opyжје: Американското paзузнавање ги објави резултатите од иcтрагата за потеклото на коpoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската разузнавачка заедница објави резиме на извештајот за резултатот од истрагата за потеклото на koронавирусот. Според нивните наоди, коронавирусот е од природно потекло, се појави во ноември 2019 година, а кинеските власти не знаеја за тоа пред избувнувањето на епидемијата во Вухан.


„САРС КоВ-2, вирусот што предизвикува ковид-19, најверојатно избувна со инфицирање на луѓе преку првична изложеност од мал обем што се случи најдоцна до ноември 2019 година, со првиот на ковид-19 во декември во Вухан, Кина“, изјави канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка заедница.
Вирусот не претставува биолошко оружје, се вели во извештајот.
„Повеќето разузнавачки агенции проценуваат, но со резерва, дека вирусот најверојатно не е генетски модифициран. Сепак, две агенции веруваат дека нема доволно докази за такво тврдење.

„Исто така, кинеските власти немаа знаење за вирусот пред да избувне инфекцијата во Вухан“, се вели во извештајот.
Кога станува збор за начинот на кој се случи првичното изложување на вирусот, американските разузнавачи веруваат дека се можни теории и за природен пат и за „протекувањето“ од лабораторијата.

Четири американски разузнавачки агенции, со резерва, проценија дека вирусот се пренесол на луѓето од животни. Една агенција, од друга страна, е убедена дека вирусот преминал на луѓето како резултат на инцидент во лабораторија, и дека најверојатно се работи за експерименти, контакт со животни или контакт со примероци во лабораторијата во Вухан, се наведува во извештајот.
Соработката на Кина ќе биде неопходна за конечно да се утврди потеклото на вирусот, се заклучува во извештајот на американското разузнавање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This