дома Свет Американците во паника, се нaopyжyваат: Рекорден раст на продажбата на opyжје по...

Американците во паника, се нaopyжyваат: Рекорден раст на продажбата на opyжје по масовните пykaња во земјата

Продажбата на оружје во САД достигна рекордна бројка втора година по ред, по период во кој масовно се пукаше речиси секоја недела, пишува „Newујорк пост“.

Федералното биро за истраги (ФБИ) прими огромен број барања за проверка на купувачите од лиценцирани продавници за продажба на оружје во текот на 2021 година, покажуваат федералните податоци, пренесува Танјуг.

ФБИ провери четири милиони клиенти во јануари, 3,4 милиони во февруари и 4,7 милиони во март, според весникот Newујорк.

Тоа е зголемување во споредба со минатата година, кога беа направени 2,7 милиони проверки во јануари, 2,8 во февруари и 3,7 милиони во март.