дома Македонија Американците го пофалиja 3aeв за пpифaќањето Авганистанци

Американците го пофалиja 3aeв за пpифaќањето Авганистанци

Премиерот Зоран Заев доби поддршка од претседателот на Националниот демократски институт Дерек Мичел за одлуката за прифање авганистански цивили во земјава.

-Националниот демократски институт го поздравува премиерот на Македонија за неговата заложба да прими авганистански цивили во неволја, кои својот живот го посветиле на мирно, мултиетничко општество со еднакви права за сите. Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза, напиша на неговиот твитер налог претседателот на влијателната американска невладина организација која е посветена на унапредување на демократијата во светот.