дома Свет Американците повторно си играат со оган – Кина спремна

Американците повторно си играат со оган – Кина спремна

Кинеската народноослободителна армија е во состојба висока борбена готовност, бидејќи им се приближуваат американски воени бродови во близина на кинеските територијални води.

Кинески бродови и авиони придружуваа два американски воени брода додека минуваа низ Тајванското Море, објави кинеското Министерство за одбрана и го оцени потегот од американска страна како провокација.

Според соопштението на Министерството, кинеската армија е ставен целосно на високо ниво на подготвеност. „Кинеската народноослободителна армија ќе одржува високо ниво на подготвеност во секое време, одговара на сите закани и провокации во секое време и одлучно ги брани националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, се вели во соопштението.