дома Балкан АМЕРИКАНЦИ И УКРАИНКИ УАПСЕНИ ВО БЕЛГРАД: Со дрон ја снимале зградата на...

АМЕРИКАНЦИ И УКРАИНКИ УАПСЕНИ ВО БЕЛГРАД: Со дрон ја снимале зградата на Военото разузнавање во Белград

Српската воена полиција уапсила двајца Американци и две украинки кои со дрон се обидувале да ја снимат зградата на стариот Генералштаб, пренесува Прва ТВ


Во министерството за одбрана за српска „Прва“ потврдено е дека постоело неовластено снимање и дека уапсените лица се предадени на полицијата, а случајот сега е во надлежност на обвинителството и полицијата.

Медиумите претходно пренесуа дека двајца Американци и две украинки се уапсени при обид да ја снимат зградата на стариот Генералштаб на српската војска, во кој е сместена Воено-разузнавачката агенција и Воено-безбедносната агенција на Србија.