дома Свет Америка во големи економски пpoблеми: Најголемиот ланец на трговски центри поднесе банкрот

Америка во големи економски пpoблеми: Најголемиот ланец на трговски центри поднесе банкрот

Компанијата „Вашингтон премиер груп“ (WPG), водечки сопственик на трговски центри низ САД, поднесе барање за банкрот. Компанијата, која поседува капацитети на повеќе од 100 локации, ја објаснува одлуката со проблемите предизвикани од пандемијата.

Меѓу причините за банкрот се и последиците од локдаунот и намалувањето на закупнината на дуќани под кирија..

„Овие мерки предизвикаа голем пад на продажбата на храна во трговски центри и ресторани, како и на други производи во малопродажните места“, рече компанијата во документот доставен до стечајниот суд во Тексас, пренесува CBS News.

„Излезе дека пандемијата на коронарниот вирус е несовладлива“, се додава во документот.

Вкупниот долг на компанијата е 3,5 милијарди долари, покажуваат судските документи.

Промената на навиките на потрошувачите и пандемиите ја потресоа малопродажната индустрија во текот на изминатата година ширум светот.

Две други американски компании кои поседуваат трговски центри – CBL Properties и PREIT, поднесоа банкрот и наведоа слични проблеми.