дома Uncategorized АМЕРИКА ГИ НАПУШТА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ?!

АМЕРИКА ГИ НАПУШТА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ?!

Републиканците во американскиот Претставнички дом предложиле резолуција според која САД треба да ги напушти Обединети Нации.

Со резолуцијата која ја предложи Мајк Роџерс се бара потполно повлекување на САД од ОН, како и дека светската организација да го премести своето седиште од Њујорк.

Воедно се бара и запирање на сите американски активности во Светската организација, пренесува РТ.

Роџерс и другите републиканци повеќе пати истакнуваа дека американските даночни обврзници не треба да плаќаат на организација која не ги промовира интересите на САД.