дома Свет АМЕРИКА ДОЈДЕ ПРЕД АСАД: Комплетна промена на политиката кон Сирија

АМЕРИКА ДОЈДЕ ПРЕД АСАД: Комплетна промена на политиката кон Сирија

Претставникот на Конгресот на САД Тулси Габард ги наведе деталите за своето заминување во Сирија и средбата со  Башар Ел Асад.

Без оглед кој што мисли за него, факт е дека Асад е претседател на Сирија. За да се склучи било каков договор, потребно е да се води дијалог со него-рече Габардов и додава дека Сиријците треба сами да ја одредуваат својата судбина и тоа што ќе се случува со нивната влада и нивната иднина.

Габардов во Сирија помина четири дена со одобрување на претставниците на Конгресот.Таа изјави дека во случај на симнување од власт на Асад, тогаш на чело ќе дојде Ал каеда или некоја друга терористичка организација која ќе продолжи со убиства на христијаните.

”Се враќам во Вашингтон со уште поголема решеност да се заврши нашата незаконска војна чија цел е симнување на сириската влада“-истакна таа.

Таа ги повика конгресмените да го поддржат актот за спречување на вооружените терористи, како што ја замолиле сириските граѓани.

Во разговор со жителите, Габардов заклучи дека во Сирија не постои никаква умерена опозиција.