дома Европа АМЕРИКА ПРИСЛУШКУВАЛА И ВО НОРВЕШКА: Скандал со прислушкување во Норвешка, американската влада...

АМЕРИКА ПРИСЛУШКУВАЛА И ВО НОРВЕШКА: Скандал со прислушкување во Норвешка, американската влада поврзана со скандалот

Адвокатот на Осло Јон Весел-Ас тврди дека Норвшеката влада со години знаела дека се пречекоруваат домашните како и интернационалните закони во интерес на националната безбедност.

Реакциите следуваат по репортажата на норвешки медиум за тајна сателитска база изградена со американска помош. Откако беше запознаена јавноста со овој случај пратениците во норвешкиот парламент како и обичните Норвежани почнаа да бараат одговори од властите.

Тајната база се наоѓа на локација каде порано се наоѓал воен камп и тоа само на еден час од Осло. Базата се користела за лоцирање терористи, но се прислушкувале и Норвешки цивили, со што директно се кршат голем број на Норвешки закони.

Базата е лоцирана на место каде порано се наоѓал воениот камп Егемоен и е воспоставена со американска помош, велат норвешките медиуми, цитирајќи Топ Сикрет документи кои протекоа од американската агенција НСА.

За базата норвешките даночни обрврзници имаат платено неверојатни 33 милиони долари , а покрај огромното вложување кое е направено со парите на граѓаните досега не се критикувало што било сторено со парите. Иако иронично комисијата за следење на комуникациите во норвешкиот парламентот се изјасни како несигурна дали базата во Норвешка е легална.