дома Свет Америка ќе објави тајни документи за нaпадот на 11 септември

Америка ќе објави тајни документи за нaпадот на 11 септември

Американските власти во пресрет на 20 -годишнината од нападите на Светскиот трговски центар и Пентагон на 11 септември, објавија дека ќе почнат да ја отстрануваат ознаката за тајност од документите за истрагата на ФБИ за тој напад.

Американскиот претседател Џо Бајден издаде наредба до Министерството за правда и другите релевантни државни агенции да го следат објавувањето на документите, кои ќе станат јавни во наредните шест месеци.

Министерството за правда минатиот месец вети дека ќе ги разгледа документите што можат да бидат објавени, како одговор на петицијата на семејствата на жртвите во нападот, кои ја тужат Саудиска Арабија за наводна вмешаност.