дома Економија АМЕРИКА ЌЕ СЕ КОНФРОНТИРА И СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА: САД наскоро ќе воведат...

АМЕРИКА ЌЕ СЕ КОНФРОНТИРА И СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА: САД наскоро ќе воведат царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ

САД наскоро ќе објават планови за воведување царини за челик и алуминиум од ЕУ, можеби уште денеска, пишува весникот „Волстрит џурнал“.

 

Утре истекува рокот за привремените исклучоци кои ги направи САД за планираните увозни давачки за челик и алуминиум.

Весникот се повикува на извори запознаени со ова прашање, според кои администрацијата на Трамп е подготвена да го остави крајниот рок за отстапките за ЕУ да истече. Според изворите, се уште е можно да се постигне договор во последен момент, но тоа е малку веројатно.

На 23 март, претседателот на САД Доналд Трамп објави воведување 25 отсто царини за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум, но направи привремени исклучоци за ЕУ, Канада, Мексико, Бразил, Австралија и Аргентина.

ЕУ инсистира на тоа дека исклучувањето од царините треба да биде трајно, но еврокомесарот за трговија Сесилија Малмстром во вторникот изјави дека тоа е малку веројатно и додаде дека во најдобар случај очекува Американците да воведат некакви квоти за ЕУ.(МИА)