дома Временска Прогноза АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА: Внимателно по патиштата, влажни коловози низ земјата

АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА: Внимателно по патиштата, влажни коловози низ земјата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат попладнево од Авто мото сојузот на Македонија.

Од 11:30 часот на регионалниот пат од село Бигла до село Трсино, поради изведување градежни работи сообраќајот е во прекин.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.