April 20, 2024, 12:46 pm

АНАЛИЗА НА АНДРЕЈ КОРИБКО: Ќе ја снема ли Македонија од картата на светот во 2018 година?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иднината изгледа мрачна за Македонија откако инсталираната „про-западна“ пучистичка „влада“ не го троши времето во растурање на националниот идентитет преку продавање на суверенитетот на дел од нејзините агресивни соседи, што би можело да има кумулативен ефект на бришење на тоа што значи Република Македонија од светската карта некаде во текот на следната година, заменувајќи го со домашно реструктуирана „федерализирана“ (внатрешно поделена) територија меѓународно препозната како „политички коректен компромис“

Позадината на Балканот

Малата централно-јужна Балканска земја Република Македонија е во очајна состојба, додека поголемиот дел од Европа – а особено остатокот од светот – нема ниту најмала идеја што се случува со Македонија благодарение на наративот на масовите медиуми кои погрешно известуваат дека по двегодишната политичка криза е „разрешена“ откако патриотската влада на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски беше заменета со „уставен/изборен пуч“ кој следеше по обоената револуција па дури и со провокации за хибридна војна. Авторот на овој текст своевремено за Спутник напиша колумна со наслов „Македонската криза сеуште не е завршена, поголема Балканска криза само што започнува“.

Накратко, Република Македонија е таргетирана за дестаблизација преку хибридна војна со цел да се отстрани „заканата“ за Балканските мегапроекти на Руската Федерација и Кина како „Балканскиот тек“ и Балканскиот пат на свилата, кои требаше да поминуваат низ земјата, иако гасоводот најверојатно ќе биде пренасочен кон Бугарија. Во секој случај, скандалот со „прислушкувањето“ беше употребен како „тригер“ за обоената револуција, обидувајќи се да предизвика одредени политички отстапи, чиј неуспех ги присили надворешните конспиратори и нивните внатрешни Соросови колаборатори од опозициската СДС да продолжат со следниот чекор за промена на власта, што на крајот се сведе на „ребаланс на режимот“ односно, Уставни промени за фундаментално онеспособување на земјата и заскогаш да ја спречи нејзината клучна интеграција во новиот Мултиполарен Светски поредок.

Големата Поделба

Новоинсталираната про-Западна пучистичка влада на Зоран Заев и неговите Соросови сојузници во СДС набрзо преминаа кон потпишување на внатрешни и надворешни договори со кои неминовно се загрозува постоењето на државата во текот на следната година. За почеток, и покрај негирањето во текот на кампањата во 2016 година, неговата партија сега агресивно притиска кон „двојазичност“ во состојба на институционален преседан, од кој логично изгледа дека земјата се припрема за неминовна „федерализација“ (внатрешна поделба). Следствено на тоа, тој(Заев), исто така потпиша „договор“ со соседна Бугарија со кој во суштина ја прави Македонија подреден партнер подложен да биде изеден од цивилизациски сличниот „брат“ од истокот во случај на сериозна домашна криза, како онаа која би можела да биде предизвикана на команда, особено од „федералистите“ преку парцијална апсопрпција на во обновениот геополитички нацистички проект „Голема Албанија“.

Формалната интерна партиција на Република Македонија помеѓу Албанија и Бугарија е она што авторот го предивде во Мај 2015 година, по што индиректно му беше одговорено од Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лаворв во време на зенитот на кризата во Македонија, но оттогаш овој процес зема неофицијална форма, доколку Македонија биде федерализирана со западниот дел во Албанија, истовремено истокот ќе биде конзумиран од Бугарија. Ова сценарио дополнително го потврдува и притисокот за воведување на двојазичноста, но и договорот со „Бугарија“. Некои Македонци го препознаа сценариото, но тогаш властите започнаа со апсење и затварање на патриотите во земјата, како и политички фигури со цел заплашување на остатокот на популацијата од која очекуваат пасивно да гледа како предавничкото растурање на државата се спроведува.

Заевистичката „Диктатура на пролетаријатот“

Додека СДС ги затвора своите политички противници, Заев истовремено се обидува да истурка контроверзен предлог за „амнестија“ за ослободување на осудени криминалци, закон кој би можел да се однесува и на терористи на ИСИС кои се враќаат во земјата.

Интересно е тоа што СДС воспостави еден вид на „диктатура на пролетаријатот“ во Македонија, гледајќи како партијата себеси се претставува како „лево-социјалистичка“, и верна на традицијата на овој идеолошки камп, користејќи ја наметката од слогани за работничката класа (пролетаријат) за да воспостави вистинска диктатура во земјата. Токму онака како што обично се случува низ историјата, лево-социјалистичките демагози го одвлекуваат вниманието на масите со големи звучници создавајќи медиумски прифатлив наратив за нинвите надворешни поддржувачи да имаат можност да се сокријат позади „опревдувањето“ за зграбување на власта од елитна група на индивидуалци кои се далеку од грижите на работничката класа. Историјата има интересен начин да се повторува, имајќи во предвид дека ЕУ е сигурниот наследник на Советскиот Сојуз кој е пренесен во своите најстари дистописки социо-културни и диктаторски крајности, така што постои одредена “логика” за тоа зошто оваа „лево-социјалистичка“ „влада“ е толку свртена кон Брисел.

Но, за разлика од времето на Советскиот период на Старата Студена војна кога секоја идеолошки подредена земја може да пристапи во Источниот блок, во “Евролибералната” ера на Новата Студена Војна постојат одредени бирократски пречки кои го спречуваат слободното пристапување на земјите аспиранти кон ЕУ и НАТО, имено уставното име на Република Македонија. Гореспоменатите постмодерни униполарни структури кои ја окупираат Западна Евроазија се поставени на таков начин што новите приеми константно треба да се договорат од сите постоечки членови, а во овој случај Грција категорично се спротивставува на приклучувањето на Македонија во било која од овие две. Она што некогаш можело да се гледа како “проклетство” во хаотичната меѓународна несигурност веднаш по распадот на Југославија, ова “право на вето” всушност се претвори во “благослов”, бидејќи формално ја задржа Македонија од обете организации до денес ден.

Игрите за името

И покрај тоа, пучистичката влада инсталирана од САД сака тоа да го промени, но единствениот начин што тој може да го стори е ако се ослободи од уставното име на Македонија и затоа ја брише земјата од картата. Не е важно дали тоа ќе се нарекува “Нова Македонија”, “Северна Македонија” или “Централна балканска република”, како што е шпекулативно објавено, или дури и сопствено, апсолутно, апсурдно предвидување на “Федерацијата на Вардарска Албанија”, но факт е дека тоа нема да биде Република Македонија, име кое во својата богата историја го штитеше како света аура од факел Македонскиот идентитет. Комесарот на ЕУ сигнализираше дека очекува Заев да го смени името на Македонија до следната година, со што ќе и овозможи на земјата да биде брзо интегрирана и во ЕУ и во НАТО и со тоа да ја формализира својата окупација од страна на западната елита.

Сето ова треба, со право, да го налути секој Македонец, но Заев и неговите колеги поттрчковци изгледаат безгрижно, бидејќи немаат патриотска припадност кон својата татковина. Исто како и нивните советски претходници, нивната лојалност лежи во идеологијата, а не во нацијата, и затоа буквално ја продаваат Македонија во Албанија, Бугарија и ЕУ со цел да ја задоволат Грција и со тоа да ја исполнат големата стратешка визија на САД за анектирање на својата земја во овие хегемонистички униполарни институции, со цел поефикасно да го нарушат, контролираат или влијаат врз кинескиот (и можеби и во Русија) балканскиот мегапроект (и). Последниот чекор е да се отстрани уставното име на Македонија и да се замени со “компромис”, но подготовката за справување со смртта на оваа древна земја е уништување на спомениците на македонското цивилизациско наследство, изградени како предводник на поранешен проект на владата на ВМРО во Скопје 2014.

Потсмевот со спомениците

За да се додаде навреда на повредата, бришењето на сите видливи знаци на историската единственост на Македонија од страна на “културните марксисти”, најверојатно ќе биде директно надгледувано од наследникот на Викторија Нуланд, Хојт Брајан Ји и очекуваната замена на актуелниот американски амбасадор во Македонија Џес Бејли. Ји беше исто толку одговорен за државниот удар како што беше Нуланд за Украина, но сепак источно-европската земја не беше целосно понижена до тој степен што официјално го надгледуваше уништувањето на нејзините споменици на Ленин, основачот на првостепената државност на Украина без оглед на тоа колку “политички некоректно” тоа е за нејзините ултранационалисти да ги признаат. Меѓутоа, во случајот со Македонија, балканската земја е принудена да издржи срам за тоа што човекот кој е најдиректно одговорен за државниот удар (Хојт Ји) ќе биде поставен за да го надгледува уништувањето на спомениците што претставуваат многу постаро цивилизациско наследство отколку само изминатите 100 години.

Ако се уништат спомениците од „Скопје 2014“, особено Воинот на коњ во центарот на градот, кој очигледно треба да биде Александар Македонски, тогаш веројатно ќе биде невозможно да се спречи променат на името и нејзината последователна анексија во ЕУ и НАТО, преку репресија врз културата, историјата и цивилизацијата на својот народ. Планот на “владата” да направи исмејување на македонските споменици и да се одрече од самиот идентитет би можел да предизвика и „реверсна – Обоена револуција“, нешто што авторот на овој текст претходно го анализирал како креативно искористување на техники на шарената револуција од патриотски поединци за мултиполарни и про-суверенитетски цели, исто онака како што минатиот Мај граѓаните се обидоа да го спречат нелегалниот избор на парламентарен спикер во ликот на албанскиот сепаратист.

Трета сила

Ако Македонците не се здружат за да го спречат она што лажно се продава како “аполитичка и антикорупциска општествена одлука”, тогаш би можело да биде неизбежно нивната земја да престане да постои со сегашното име, а можеби и како држава (по внатрешна и / или надворешна партиција) до следната година. Ако спомениците паднат, Македонија паѓа, еднаш и засекогаш, и затоа последна шанса да се спаси Македонија е да ги спаси своите споменици. ВМРО има најголем потенцијал да организира легални и мирни демонстрации, но некои од партиската елита се за жал делумно компромитирани, имајќи во предвид дека нема друго логично објаснување за американскиот притисок врз нив, било да е тоа закана од физичко насилство или незаконско апсење под лажни изговори (“антикорупција”, “злоупотреба на моќ” итн.) од страна на пучистичката влада. Како таква, на крајот треба да се формира Трета сила, која веројатно расте од ВМРО и различните движења на граѓанското општество усогласени со него, со цел да се спротивстават на ограничувањата кои се наметнати на поранешната владеачка партија и да послужат како мост за привлекување на “умерени” поддржувачи на СДС кои беа заведени за време на последните избори.

Заштитата на македонските споменици – а со тоа и нејзината државност, цивилизација и идентитет – не смее да се гледа како партиски политички проблем, што воопшто не е она што ВМРО го прави, туку нејзината потенцијална клучна улога во тоа да биде организациски центар на таковото движење на граѓанското општество, што би можело да биде полесно за СДСМ и неговите поддржувачи од Сорос да манипулираат со перцепцијата дека тоа е партиска пропаганда, и затоа е неопходно да се развие „Третата сила“ која ќе го води патот во овој историски клучен момент. Без оглед на тоа како ќе се нарекува и како ќе е формирано, оваа трета сила ќе биде авангардниот актер кој ја заштитува Македонија од разнебитување, при што нејзините членови ќе разберат дека или сега, или никогаш повеќе нема да имаат можност да ја одбранат својата држава, бидејќи нејзиното постоење е неспојливо со плановите за експанзионистички планови на ЕУ и на НАТО. Република Македонија е под закана да биде отстранета од мапата така што нејзиниот народ и територија може формално да се припои кон овие две униполарни структури (НАТО и ЕУ) под “диктатура на пролетаријатот” на Заев, и сите сигнали укажуваат на тоа дека 2018 година е година кога ќе се решава, кога патриотите ќе покажат дали можат да си ја зачуваат земјата или истата засекогаш ќе исчезне.

 

Автор на текстот:
Андреј Корибко
„ОриенталРевју.орг“

30 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This