дома Македонија АНАЛИЗА НА ЗЕКОЛИ: Анексот на Договорот во ООН отвора можност за Русија...

АНАЛИЗА НА ЗЕКОЛИ: Анексот на Договорот во ООН отвора можност за Русија да го блокира договорот

Аналитичарот Арсим Зеколи со нова анализа за состојбата околу Договорот од Преспа. Огромно незадоволство во македонската јавност креираше грчкото барање за анекс на Договорот од Преспа кој ќе го допрецизира Преспанскиот договор во смисла дека ќе дава многу ограничен простор за наведувањата на јазикот и нацијата. Сепак за Зеколи ова барање не е толку драматично од таа гледна точка. Според него ваквата скриена цел е да се отвори можност на Русија да го блокира договорот во ООН и да ја реализира планираната дебата за истиот.

-Барањето на Ципрас за Анекс на Договорот преку ООН не е само по себе драматично. Сем доколку не е со цел да и се отвори можност на Русија да ја реализира намерата за отварање дебата во ООН, вели Зеколи.