дома Социјални Мрежи АНАЛИЗА НА НИКОЛА СРБОВ: Бришењето на придавката „македонски“ од институциите води кон...

АНАЛИЗА НА НИКОЛА СРБОВ: Бришењето на придавката „македонски“ од институциите води кон нов идентитет!

Никола Србов на својот фејсбук профил излезе со став и прецизно објаснување на кој начин се губи идентитетот преку промената на имињата на институциите како резултат на промената на Уставот која треба да следи доколку референдумот успее

„Бришењето на придавката „македонски“ од институциите води кон промена на идентитетот, или уште пострашно, кон создавање на нов идентитет.

Секојдневно разно разни ликови по медиумите („експерти“, „аналитичари“, „политичари“, итн.) ни повторуваат дека била заштитена придавката „македонски“ а не сакаат да кажат ни збор дека таа ќе биде отстранета од онаму каде најмногу се користи – од институциите.

Во градењето на еден идентитет, покрај јазикот, културата, традицијата, колективната меморија, заедничкото минато итн, огромна улога имаат институциите, можеби и клучна.

Според дефиниција прво се создава држава, па институции, па нација како производ на тие институции. За жал, кај нас нема нација туку има народ.

Пред да се создаде државата еден народ може да има свој идентитет, во минатото тој се градел или преку училиштата или преку црквата, значи, повторно преку некакви институции. Но без државни институции на место како Балканот каде асимилацијата е жива и во 2018 година ниту еден идентитет не може да опстои и да се унапредува. Институциите се клучни во опстанокот на идентитетот и во неговото зајакнување.

Доколку ние сега внатре во Македонија имаме македонски институции кои го одржуваат и унапредуваат македонскиот идентитет, кога ќе се смени придавката „македонски/ка“ во „на Република Северна Македонија“ на тие институции од тој момент започнува и промената на идентитетот и создавање на нов идентитет.

Ако на ова го надоврземе и договореното што тие институции, на пример образованието, ќе му всдуваат на народот, ќе дојдеме до заклучок дека од нас ќе се создава нов идентитет. „Нова вера нова Библија“ беше и сѐ уште е типично за комунистите.“ заклучува Србов.