дома Европа АНГЕЛА МЕРКЕЛ ИЗЈАВИ: Сите страни треба да го почитуваат нyклeaрниoт договор

АНГЕЛА МЕРКЕЛ ИЗЈАВИ: Сите страни треба да го почитуваат нyклeaрниoт договор

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно ги повика сите страни да го почитуваат нyклeapниoт договор со Иран, и покрај одлуката на Техеран да го зголеми збогатувањето на ypaниyм и дејствијата на САД да воведат економски caнкции.

Според договорот, склучен во 2015 година, Иран се договори со Кина, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и САД да ја ограничи својата нyклeaрнa програма.

– Се согласивме дека треба да направиме се што е потребно за да го почитуваме договорот. Германија е убедена дека Иран не треба да придонесува или да располага со нyклeaрнo opужje. Поради тоа ние ќе продолжиме да ги користиме сите дипломатски средства за да го поддржиме тој договор, кој секако не е идеален, но тоа е документ и ги содржи обврските на сите земји, изјави Меркел за време на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.